СИНОЌА БЕРОВО ГО ПРОГЛАСИ КОРОНА ВИРУСОТ ЗА МРТОВ.

СИНОЌА БЕРОВО ГО ПРОГЛАСИ КОРОНА ВИРУСОТ ЗА МРТОВ.
јули 30 23:03 2020

Српска музика,играње и пиење,многу народ,растојание и заштитни маски никако,вакава беше сликата синоќа на преполниот градски плоштад во Берово.Во време кога бројот на заразени од корона вирусот во Македонија никако да стивне,Беровчани ја прогласија пандемијата за мртва со масовното присуство на организираната забава во центарот на градот.Кој ја дозволил оваа журка, побаравме одговор од градоначалникот на Берово, кој изрази загриженост поради ваквото групирање и непочитување на мерките за претпазливост.

  • Никој од нас не побарал дозвола за ваква журка на плоштадот во Берово, полицијата е надлежна да реагира и да ја прекине забавата ако има непочитување на мерките за претпазливост, но тие не реагирале.Организираната журка како што разбрав е од неколку кафичи.Знам дека се наоѓаат во тешка ситуација, но поважно е јавното здравје на сите граѓани на Берово. Тоа е исто така лоша слика и за туристите кои доаѓаат токму тука.Жалам поради несовесноста на граѓаните и отсуството на реакција на полициските службеници,апелирам уште еднаш сите да се придржуваме кон мерките за наша лична заштита.Издржавме 5 месеци, да не дозволиме несакани последици во нашето Берово истакна градоначалникот Звонко Пекевски.

Очевидци реагираат на големата концентрација на луѓе и изразуваат негодување поради ваквата ситуација, а вријат коментарите и на социјалните мрежи.Еве неколку од нив:

  • E pa drustvo koj so e specalil snosci ce vidime narednite denove….
  • Apsolutno nemaše potreba od tova snošči amaaaa … !? “Preku lebot – pogača” Čovečka neblagodarnost za sè !
  • V Berovo Gospod Si Ve čuva…i račijata de
  • Tova skapo cego platat
  • За мерак. Како тргнале сакат Штип да го стигнат, а тоа е многу лошо

Инаку пандемијата од корона вирусот најмногу ги погоди сопствениците на локалите, кои исто така и во Берово се наоѓаат во завидна ситуација.Но дали овој чин е оправдан или не ќе покаже времето.

Во Берово денес е регистриран нов заразен со корона вирус и единствен активен случај.Во изминатиот период вкупната бројка заразени и оздравени од корона вирусот е 4 лица и еден починат.

Во продолжение дел од телефонски снимки од синоќешната забава на градскиот плоштад.

  Категории: