СЕ ПРОШИРУВА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО БЕРОВО.

јуни 28 22:47 2018

Со вкупна инвестиција од околу 2, 3 милиони денари, во Берово започна уредувањето на внатрешноста на втората ламела од Домот за згрижување на стари . Со ова, сегашниот капацитет на Домот од 15 корисници ќе се прошири за уште толку.

Градежните активности опфаќаат поставување на таванска конструкција од гипсени плочи со изолација од тервол со дебелина од 20 сантиметри, подна облога со плочки и ѕидна облога, како и уредување на тоалети во согласност со прописите за ваков тип на објекти.

Очекувањата се дека со градежните активности ќе се заврши до крајот на годината , до кога истиот и треба да биде ставен во функција.

Инаку, домот за стари лица беше пуштен во употреба во септември 2015 година, а изградбата на објектот ја финансираше хуманитарна организација од Холандија.

 

Извор: Тв Стар

  Категории: