Родител од Берово: Нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 август“, но затоа има заболени деца со симптоми од кои не барате испитување.

Родител од Берово: Нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 август“, но затоа има заболени деца со симптоми од кои не барате испитување.
февруари 04 16:32 2024

Нема салмонела кај вработените и на површините во беровската детска градинка „23 август“, покажаа првичните резултатите од анализите на кочанскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ). Директорот Гоце Серафимов вели дека во однос на храната ќе се утврди во следните 24 часа, а сѐ уште пред нив останува отворена задачата да се утврди кој е причинителот за оваа зараза.

Досега кај пет деца е потврдена бактеријата салмонела кои се пожалиле на дијареа и болки во стомакот. Во кочанскиот ЦЈЗ пристигнати се поголем број на мостри, а дел од нив и не се поврзани со беровската градинка.

Изминатата недела родителите на социјалните мрежи го изразуваа својот револт кои посочуваа дека бројката на заразени деца со салмонела е далеку поголем и е околу 40. Сметаат дека инспекциската контрола е задоцнета. Кујната во детската градинка не работи два дена, а по добиените резултати најавен е состанок на Советот на родители и на Управниот одбор на градинката.

Оваа информација која вчера како резултат на анализите од ЦЈЗ излезе во медиумите, причини реакција кај родител на дете со салмонела во која се вели:

-Нема салмонела на површина и испитувања направени кај вработените. Но затоа има заболени деца и деца со симптоми од кои не барате испитување!! Сите ли заболени пет од различни групи и возрасти беа на пржени лебчиња со јајца кај нас дома? Т.е. вие вработените млеко и бесквити ли јадевте или полента??? Што јадеа вработените, дурим несвесно се заразуваа деца??? Не го добив одговорот на поставените прашања, сомнителен е резултатот по реакција направена после 15 дена. Битно вие вработените бидете здрави и живи. Децата нека какаат, нека повраќаат.

Очигледно, од огромна “БИТНОСТ” е колегијалното споделување на ОБЈАВАТА за негативниот тест од ВРАБОТЕНИТЕ како и предметите и површините во градинката. ДУРИМ и побитен од децата наши како и формирање на општествено одговорен АПЕЛ сите деца што пријавија симптом да бидат бактериолошки тестирани за 100% заштитување на незаразените деца. Како што гледам по објавите од одредени лица, незасегнати граѓани кои не се заболени и немаат заболени дечиња, од огромна БИТНОСТ им е и ИЗВИНУВАЊЕТО НАШЕ. Па НИЕ не ни очекувавме поразличен резултат после 17 дена. Проблемот се појави на 17.01. , ПРИТОА, затворање на “КУЈНАТА” во институцијата е направена на 01.02, ПЕТНАЕСЕТ ДЕНА ПОКАСНО, по брисови земени 15 дена покасно, каков треба да биде резултатот?

Болните деца не се на градинка, сите се дома. Уште не гледам коментар, лајк или пост, од родители чиви деца сеуште имаат симптоми, а поради БИТНОСТА ИНСТИТУЦИЈАТА ДА БИДЕ ИСПРАВНА и молчењето на институцијата до вчера, кога конечно среќно објавуваат резултати во очекување се резултатите од нови потенцјални случаеви што ќе се потврдат УТРЕ. Има деца што првим добија “ПОТВРДА” за здраво дете, па одкако веќе се појавија во градинка, дополнително се однесени на брис ради збунетост, па во Понеделник, утре чекаат резултат, И ОВДЕ ЛИ САМ ТРЕБА ДА ИСПРАТАМ ИНСПЕКЦИЈА ЗА ИСПРАВНОСТА НА ПОТВРДАТА. ЌЕ ИСПРАТАМ!! Еве ќе и се извиниме на институцијата, која воедно никојпат не ни беше нападната.

Јавно баравме помош од истата и превентивни мерки пред пронаоѓање на изворот. Знаете ли кои беа мерките?

1. Хонорарно вработените лица беа ослободени од работни задачи на денот на инспекцијата? Нашето прашање беше зошто? Дали хонорарците што активно учествуваа во воспитниот процес на децата немаат санитарен преглед? Или можеби имаа развиено симптоми? – НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ.

2. Зошто при пријава во инспекторат во Петок, инспекција се направи во Четврток? – НЕ ДОБИВМЕ ОДГОВОР НА ОВА ПРАШАЊЕ.

3. Зошто испраќавте вработени лица во 05:30 да ја чистат кујната пред НАЈАВЕНА инспекција? Со АПЕЛОТ кој требаше да биде од БИТНОСТ, дали има уште заразени дечиња и дали сите дечиња со симптоми, се испитани и потврдени, а НЕ СЕ, овој пат тотално се промаши целта и поентата на апелите за конкретни проверки кон другите институции. Воспитувачи, негователи и директори со наведнати глави! Не требаше да се засегнете вие! Ние јавно говоревме дека сме комплетно задоволни од негата на децата од ваша страна. Во ниту еден момент не ја оспорувавме компетентноста ваша. Ние побаравме помош за откривање на изворот на нешто невидливо. Што ВИЕ збунувачко засегната страна, се обидовте да го прекриете нештото во што ниту ВИЕ сте компетентни ниту требаше да се осеќате обвинети и одговорни. 1. Лечење на ВИРУС без име многу денови (недели).?!?!? 2. Некомпетентен кадар за проценка на сериозност при појава на таква сериозна болест. 3. Недоволно снабдени лабаратории кои покриваат околу 10,000 граѓани. Борба за набавување на добра лабараториска апаратура која нема да губи 5 до 6 денови за констатирање на било која бактерија.

4. Промашени протоколи во случај на епидемија.

5. Политизирање на здравјето на децата.

6.Неинформираност на граѓаните.

7. Спречување на нови жаришта бидејки сме поднебје кое одгледува стока и има производство на месо ,млеко и разно разни продукти.

8.Незаинтересираност на проблемот бидејки нормално “не ни е дома кај комшијата е”

9. Проблемот е поинтересен да се дискутира зад затворени врати од канцаларии.

10. Убедувањата за да не се оди инстуционално бидејки е голем проблем.

11. Стравот и немирот за појава на таква сериозна болест во место кое сме врзани како црева.

12. Зошто УРГЕНТНО ги избришавте сите социални групи каде родителите меѓусебно комуницираа а текстовите докажуваа за голем број болни кои не се тестирани, како и болни кои бараа тестирање но беа убедувани да не се тестираат убедувајќи ги дека нема потреба за истото?!?!?! Се надевам дека наскоро ке се најде изворот и ке престане ова ЛУДИЛО. Почитувани пошо ви е битно нашето ИЗВИНУВАЊЕ, ИЗВИНЕТЕ доколку не протолкувавте како НАПАЃАЧИ. Во комплетно бунило сте и сеуште се осеќате НАВРЕДЕНО наместо БЛАГОДАРНО за сериозноста упатена за ЗДРАВЈЕТО НА НАШИТЕ ДЕЦА. За сите ЗАСЕГНАТИ, со прашањето СО КОЕ ЛИЦЕ ЌЕ ГО ОДНЕСЕТЕ ДЕТЕТО ВО ГРАДИНКА?? Во прилог одговор: СО ЧИСТО ЛИЦЕ, СО КОМПЛЕТНО ЧИСТО, ВО 100% ЧИСТА ГРАДИНКА и за моето и за вашето, што до во овој момент ВАШЕТО ви беше помило од моето и останатите 5. А НАМ ПОДЕДНАКВО НИ БЕА БИТНИ СИТЕ ДЕЧИЊА. Нашето беше тестирано и третирано, господ да ги чува тие што уште по дома СЕРАТ ПРОЛИВ. Со кое лице ќе не погледнете ВИЕ НАС, што молите НИКОЈПАТ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ, а ќе се ПОВТОРИ. ВИ ТВРДАМ. Пошо ви успеа сега, а ќе ви успее и следен пат, со ваква корумпираност. За да не се повтори, ТЕСТИРАЈТЕ ГИ СИТЕ, за да ги излечат соодветно, а од претходно настанатото, извадете подточки да се дискутираат на родителска средба, за да се едуцираме ние родителите при брзо откривање на симптоми–вели загрижен родител на дете со салмонела.

  Категории: