Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела.

Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела.
април 19 12:45 2021

Донесена е одлука за продолжување на рестриктивните мерки за уште една недела, неофицијално дознава Сител.

Одлуката за продолжување на рестрикциите на целата територија на државата е донесена утринава на состанокот на Главниот координативен кризен штаб по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести.

Предлогот за мерките треба да биде усвоен на утрешната владина седница.

Со последните рестриктивни мерки заради силниот бран на коронавирусот беше донесена одлука за затворање и на сите угостителски објекти, фитнес клубови, обложувалници како и забрана за организирање на секаков вид семинари и конференции.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.