РАШКОВСКА: ЌЕ ГО ВРАТИМЕ СТАРИОТ СЈАЈ НА НАШЕТО БЕРОВО

РАШКОВСКА: ЌЕ ГО ВРАТИМЕ СТАРИОТ СЈАЈ НА НАШЕТО БЕРОВО
октомври 14 22:45 2021

„Можеби не сум совршена, но сум храбра, како жена и како мајка да се борам за мојот град, да се борам да остануваат нашите деца тука, да им помагам на луѓето, нешто што во континуитет го правам веќе долги години, зошто така сум учена и така сум воспитувана и не сакам да бидам само нем набљудувач за се што ни се случува. Затоа го направив овој чекор, кандидат за градоначалник, зошто сигурна сум дека можам да дадам свој придонес во мојот град со моите врати, секогаш отворени за граѓаните како и досега и со решавање на проблемите кои ги имаат, зошто по природа сум човек кој сака да ги решава проблемите, а не да ги акумулира. Зошто ако добро работиме сите ќе си останат во родниот град Берово”, истакна кандидат за градоначалник на општина Берово, Елеонора Рашкоска на митингот.

Рашкоска додаде дека за самата состојба на општината говорат големите бројки на иселеност на младите, па и на цели фамилии со деца, во општината веќе владее белата чума општина, Берово станува општина на возрасни луѓе.

„Затоа во општина Берово секоја година има се помалку ученици и се помалку новородени деца, во последните години нема отворање на нови производствени капацитети,а имаме затварање на постоечките, имаме се помалку лекари, а за специјалисти да не зборуваме, имавме автобуска станица со редовни локални и меѓуградски линии, а сега нема, и се тоа е знак за недобро работење и на локалната самоуправа која и граѓаните веќе не ја гледаат како добар партнер за соработка и решавање на проблемите од секојдневието”, рече Рашкоска.

Рашкоска посочи дека нејзината визија за Берово е да го врати стариот сјај кој го имаше, повторно да биде град на боеми, занаетчии и еснафи, град на културата, град во кој повторно ќе го има „Беровското културно лето”, град кој ќе има добра инфраструктура и со сите услови кои се еквивалент за услови на 21-ви век.

„Во нашата општина има многу за работа, затоа ќе посочам дел од клучните проекти кои ќе бидат двигател за подобра економски, стабилна општина Берово.

· Ниски и рамни даноци и да нема зголемување на општинските даноци;

· Покривање со квалитетна канализациона и комунална инфраструктура во целата општина, која подразбира и решавање на проблемите со водоснабдувањето, со крајна цел чиста и здрава вода за пиење до секоја куќа, до секој дом;

· Дислокација и изградба на нова и современа автобуска станица по модел на јавно – приватно партнерство и враќање на локалните и меѓуградските линии за превоз на граѓаните на општина Берово;

· Постојана реконструкција и рехабилитација на постојните улици во Берово и населените места, како и асфалтирање на нови улици, како во Берово така и во населените места во општината;

· Адаптација и пренамена на дел од паркот на кеј на река Брегалница во отворена младинска летна сцена, со можност за одржување на концерти, гостување на театарски групи, перформенси и стендап настапи и организирање на локални културни манифестации”, вети Рашкоска.

Рашкоска укажа дека приоритет треба да биде да вложување во капацитетите во противпожарната служба и тоа од аспект на добро опремени и современи противпожарни возила, добра екипираност и вложување во човечкиот потенцијал во противпожарната служба и добра институционална координираност, за да се победува во битката со елементарните непогоди.

СОЗДАДИ НОВА ИДНИНА! ПРОМЕНИ. ПРОЕКТИ. ПОБЕДИ

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.