РАШКОВСКА ОД МИТРАШИНЦИ: ВО БАСТИОНОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЛЕДУВААТ НИЗА ПРОЕКТИ ВО НОВАТА ИДНИНА НА ПОБЕДИ И ПРОМЕНИ

РАШКОВСКА ОД МИТРАШИНЦИ: ВО БАСТИОНОТ НА ВМРО-ДПМНЕ СЛЕДУВААТ НИЗА ПРОЕКТИ ВО НОВАТА ИДНИНА НА ПОБЕДИ И ПРОМЕНИ
октомври 07 02:52 2021
  • Денес сме тука во селото Митрашинци меѓу селаните, село бастион на ВМРО-ДПМНЕ одсекогаш, затоа што тука знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, тука се гради, се реновира, се одржува, се асфлатира.Сега нема да ви кажеме дека ќе асфалтираме една улица, туку ви гарантираме дека ќе асфалтираме секаде, каде што има потреба во селото, речиси сите улици имаат потреба за рехабилитација и осветлување, рече Елеонора Рашковска, кандидат за градоначалник на Берово од ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот прес при посета на граѓаните во селото Митрашинци.

Рашковска ги посочи клучните проекти од програмата кои се гарантирани за селото, како што се асфалтирање и рехабилитирање на повеќе улици бидејќи има потреба од тоа и осветлување на истите, изградба на канализациона мрежа секаде каде што нема, како и справување со дивете депонии, уредување на полските патишта и уште многу други.

  • Водата за пиење мора да биде чиста, канализација сегде каде има потреба мора да има, ѓубрето мора да биде соберено во контејнери и исфрлено, диви депонии не смее да има, а ако ги има ќе се чистат постојано, полските и селски патишта мора да се одржаваат.Стпендии за талентирани ученици, стипендии за ученици од ранливи категории, грижа за стари изнемоштени лица, надомест за секое новородено дете, субвенциониран ооброк за секој ученик во основното училиште, гарантираме уште многу други проекти кои сигурно ќе го подобрат животот во Митрашинци.

На крајот Рашковска им порача на жителите на Митрашинци да излезат и да ја опоменат сегашната власт, гласајќи за бројот 7 на престојните локални избори, за новата иднина на Митрашинци.

-Затоа на 17 Октомври, да им покажеме дека не ги поддржуваме, да им покажеме дека ги опоменуваме.Излезете масовно и дајте поддршка за број 7, поддршка за новата иднина на бастионот Митрашинци – рече Елеонора Рашковска.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.