РАШКОВСКА ВЕТИ ОТВОРАЊЕ НА УЧИЛИШНИТЕ КУЈНИ СО СУБВЕНЦИОНИРАН ОБРОК ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ

РАШКОВСКА ВЕТИ ОТВОРАЊЕ НА УЧИЛИШНИТЕ КУЈНИ СО СУБВЕНЦИОНИРАН ОБРОК ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ
октомври 12 11:01 2021

Во програмата на кандидатот за градоначалник на Берово, Елеонора Рашковска, се предвидени проекти насочени кон модерно и современо образование за сите млади, како во основното, така и во средното ушилиште во Берово.Таа најави стипендии и таблети за сите ученици од социјално загрозените семејства, стипендии за талентирани ученици, како и субвенциониран оброк за сите ученици, каде поголемиот дел ќе го покрива општината и набавка на училишни минибуси за потребите за редовен превоз на ученици.

-Проектите имаат за цел да ги подобрат просторните услови во училиштата со што би се придонесло за обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес, создавање на млади кадри кои ќе бидат конкуренти на пазарот на трудот и развој на здрава психо-физичка личност кои се основните приоритети на локалната самоуправа во областа на образованието – рече Рашковска.

Еве дел од проектите во нејзината програма „Гарантираме за Берово“ во областа на образованието :

МОДЕРНО И СОВРЕМЕНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ МЛАДИ• ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ.

Стипендии за ученици и студенти од социјално загрозените семејства. Извор на финансирање: Буџет на општината.

• НАБАВКА НА ТАБЛЕТИ И ДРУГА ЕЛЕКТРОНСКА ОПРЕМА ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ. Извор на финансирање: Буџет на општината.

• ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТОПОЛ ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНОТО БРАЗОВАНИЕ

Обезбедување на топол оброк за учениците од ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово и ООУ „Никола Петров Русински“ – с. Русиново, со дел субвенциониран од локалната самоуправа, односно дел од износот да го платат родителите, а дел субвенциониран од локалната самоуправа. Извор на финансирање: Буџет на општината

• ОПРЕМУВАЊЕ НА КАБИНЕТ ЗА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО ОСУ “АЦО РУСКОВСКИ”

Опремување на кабинет за практична настава за учениците од Туристичко – угостителска насока со цел да се продуцираат готови кадри спрема пазарот на трудот.Извор на финансирање: Буџет на општината/МОН


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.