Ако се суди по потрошувачката, жителите на Истокот живеат се подобро. За една година, потрошувачката на храна, пијалоци и цигари пораснала за близу 10 отсто.
Најголема потрошпувачка има за основните прехранбени артикли леб, млеко, шеќер, брашно и слично.
Колку ова е резултата на покачувањата на платите и зголемувањето на минималната плата, е прашање за дополнителна анализа.
Инаку, намалување на потрошувачката е забележано во групата трговија на мало, со автомобилски горива номинално за пет, а реално за 5,1 отсто.