ПРОДОЛЖУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИ ВО БЕРОВСКО ДВОРИШТЕ

ПРОДОЛЖУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛИЦИ ВО БЕРОВСКО ДВОРИШТЕ
декември 27 12:49 2021

Со асфалтирање на крак 4, од таканареченото Тренчовско маало во беровско Двориште, се заокружуваат градежните активности за 2021 година, во рамките на проект ,,Македонија без кал”.

Со реконструкцијата на овој пат, се обезбдува поголема безбедност и подобра комуникација помеѓу населените места и значително се подобрува квалитетот на живот на жителите на село Двориште.

Проектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.

Градежните активности, во рамките на овиј проект, ќе продолжат во месец март, кога се очекува да бидат асфалтирани дополнителни 500 до 600 метри , во центарот на селото.

Во рамките на проектот ,,Македонија без кал”, се врши реконструкција на локален пат во селото Двориште со должина од 3300 метри, со вкупна вредност , од околу 400 илјади евра.

  Категории: