ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА БАРАЊА ЗА ПРИВАТИЗАЦИЈА НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ.

јуни 05 21:15 2018

Се пролонгира рокот за поднесување на барање за приватизација на земјиштето. Со измените се даваат дополнителни три години рок, односно можност барањата да се поднесуваат до 31 декември 2021 година.

Рокот за поднесување барања по тој основ истече на 15 декември 2014 година и од тој датум досега не можеа да се поднесуваат барања за приватизација.

Од ресорното Министерство укажуваат дека во изминатиот период пристигнале многу реакции од граѓани кои не успеале да го запазат рокот за поднесување барање за приватизација. Станува збор за граѓани кои живееле во странство, но и граѓани кои живеат во земјава, а не успеале да поднесат барање во рокот.

Освен рокот за барања за приватизација, се пролонгира и рокот за поднесување пријава за промена од корисничко право во право на сопственост. Рокот за ова барање се пролонгира до 31 декември 2022 година.

 

Извор: Тв Стар


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.