Општина Берово ја одржа втората форумска сесија, каде со свои предлози и приоритети учествуваа граѓаните кои треба да влезат во програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година. Распоредени во шест работни групи од различни области, присутните граѓани произлегоа голем број предлози, меѓу кои:
-зголемена спортска, културна и туристичка понуда, преку инфраструктурно уредување на сппртските објекти, конкретно реконструкција на градскиот стадион
-Автоматско наводнување на тревникот на стадионот
-Поставување на фотоволтаици на поголем број објекти
-Божиќен концерт и изложба на стара малешевска архитектура
-Пензионерски рекреативен центар-Фотоволтаици и реконструкција на детска градинка
-Инфраструктура во туристичка населба во Абланица
-обновување на стазите околу Беровско Езеро
-организација на повеќе културни настани
-повторно рестартирање на кујните во училиштата за учениците
-спој на културата и архитектурата, зачувување на автентичноста на беровската стара архитектура и многу други.
Порталот Малеш Нет во секојдневната комуникација со граѓаните на Малешевијата, од многубројните предлози кои ги имаме, изнесе четири приоритети и тоа:
-Зголемени акции за пошумување на пределите кои минатата година беа зафатени од пожарите во Малешевијата.
-Справување со дивите депонии со вклучување на граѓани и капањи во училиштата за зголемување на свеста кај Беровчани за почиста животна средина.
-На улицата во центарот на градот, поточно на плоштадот да се воведе наплата за паркинг преку смс порака, со што би се растеретила гужвата од автомобили а со тоа и општината би добила одредени приходи.
– Да се изгради спортско игралиште на Ромскиот рид за децата кои спортските активности и игри ги обавуваат на улиците во овој дел од Берово.
Веќе на следната форумска сесија, граѓаните ќе имаат можност да гласаат и дирекно да учествуваат во креирањето на Програмите и Буџетот на Општина Берово за 2023 година.