По повод празникот Св.Никола, денес во аптеката на компанијата Зегин, која се наоѓа во градскиот трговски центар во Скопје и која го носи името Св.Никола, се одржа панихида.
Оваа година патрониот празник компанијата Зегин го прославува по 33 пат.
Инаку, Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци.
Во христијанскиот календар, Свети Никола се слави и на 6 декември според новиот Грегоријански календар т.е. на 19 декември, според стариот Јулијански календар.
Коментар:*
Име*
Е-маил*
Веб сајт
Δ
This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.