Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја.
Станува збор за Ристо Меловски, позnат како диџеј Ицко, кој долги години работеше во „Антена 5“ радио.
Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.
Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.
Меловски ќе остане запаметен како еден од луѓето кој со својот талент допринесе за развој на македонската електронска сцена.
Текст: Слободен печат