Потпишани договорите за финансирање на невладини организации за 2022 година

Потпишани договорите за финансирање на невладини организации за 2022 година
јули 04 15:31 2022

Денеска, во салата на општина Берово, потпишани се договорите за финансирање на невладини организациии по спроведен јавен повик за финансиска поддршка за 2022 година.

Од вкупно поднесените 7 пријави, Комисијата за евалуација,  донесе  одлука,    финансискии да бидат подджани 6 предлог проекти, кои на повикот се јавиле со комплетни документи, биле издржани, распоредувајќи ги средствата според содржината на поднесените предлог проекти.

Проекти кои ќе се финансираат имаат за цел, подобрување на квалитетот на живот во општина Берово,  во повеќе општествени сфери: подобрување на доброто владеење и демократија, транспарентност и отчетност,  заштита на животната средина, туризам, комунална инфраструктура, заштита на животните, како и промоција на руралните средини.

Според донесената одлука распределени се средства на :

За Мерка 1 ќе бидат финансирани предлог проектите:

  1. Здружение ЗГ Малеш Нет Берово- 150.000 денари
  2. Здружение за еко животна средина-зелен раст и одржлив развој Еко Зелено Движење Берово- 60.000 денари
  3. Здружение за заштита на животните „ Проанима“- 90.000 денари

За Мерка 2 ќе бидат финансирани предлог проектите:

  1. Здружение Владимирски Илинденски средби (ЗВИС)- 100.000 денари
  2. Здружение на планински спортови, туризам и млади „Патфајндерс“-100.000 денари
  3. Планинарско спортски клуб „Малешевска Корија“-153.337 денари

Градоначалникот Пекевски на сите присутни им посака успешна работа и реализација на предвидените активности, додавајќи дека општина Берово секогаш е расположена за соработка со граѓанските организации и дека проектите кои здруженијата ги реализираат во партнерска соработка со Општина Берово, се од голема важност за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Со цел повеќе транспарентно и отчетно информирање на граѓаните на Општина Берово, за трошење на средствата, во прилог можете да го погледнете финалниот извештај од спроведена евалуација со предлог и подршка за финансирање на проектите.

Извештај од евалуација 2022

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.