ПОСТАВЕНИ НОВИ ТЕЗГИ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО.

ПОСТАВЕНИ НОВИ ТЕЗГИ НА ГРАДСКИОТ ПАЗАР ВО БЕРОВО.
октомври 07 15:47 2021

Од дененска, жителите и посетителите во Берово, пазарат на нови, современи, модерни тезги , кои во рамките на Програмата за финансиска поддршка и рурален развој, вчера се поставени на новоизградениот градски пазар во Берово.

Проектот ,,Партерно уредување и урбана опрема за Зелен пазар во Берово” е продолжување на активностите за изградба на покриен зелен пазар во Берово, кој беше поддржан од ЕУ фонд за рурален развој. Со оваа фаза, се заокружува инвестиција за набавка и поставување на тезги за продажба, но и складирање на земјоделски производи.

За овој проект, Општина Берово аплицираше на конкурс за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, мерка 123- Инвестиции во пазарна инфраструктура за постбербени активности.

За реализација на овој проект,обезбедни се вкупно 4.213.780,00, од кои 50% преку Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, а останатите од општинскиот Буџет за 2021 година.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.