ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ БАНКИНИ НА УЛИЦАТА „23 АВГУСТ“ ВО РОМСКОТО МААЛО ВО БЕРОВО

ПОСТАВЕНИ ЗАШТИТНИ БАНКИНИ НА УЛИЦАТА „23 АВГУСТ“ ВО РОМСКОТО МААЛО ВО БЕРОВО
ноември 18 18:59 2022

Во рамки на проектот „Заедно за просперитетна заедница“ на улицата 23 Август во ромското маало во Берово, се поставени заштитни банки на критичните места, со што е подобрена безбедноста на граѓаните во овој дел од градот. Важна улога во процесот на планирање, финансирање и имплементацијата на оваа иницијатива имаше локалното ромско население, кое даде свој придонес во транспортот на материјалите и нивна припрема како и работна рака во монтажа и бојадисување. За успешна реализација на оваа иницијатива важна улога имаше остварената добра соработка со општината, која обезбеди придонес преку набавка на банкините и надзор на целокупната работа од страна на двајца локални инспектори.

– Се надевам дека поставувањето на заштитната ограда на критичните места на улицата 23 Август во ромското маало во Берово, навидум изгледа мал проект, но во суштина е од големо занчање за безбедноста на граѓаните кои што живеат во овој дел од градот, а посебно за безбедноста на дечињата кои се движат по истоимената улица. Проблемот со загрозувањето на безбедноста на улицата 23 Август, повеќе пати е предочен како приоритет за решавање на истиот и заедно со финансиска поддршка од страна на општина Берово, а исто така и со поддршка од УСАИД и Ромалитико и проектот „Заедно до просперитетна зедница“ е решен овој проблем и се работи континуирано на зголемување на безбедноста на овој дел од градот. Морам да го потенцирам и поставувањето на сферното огледало кое што е исто од големо значање за безбедноста на граѓаните на самата улица и во општината. Општина Берово континуирано работи на подобрувњае на безбедноста на и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и се надевам дека и во иднина ќе имаме реализација на поголем број на проекти – истакна Билјана Марковска, раководител на одделение за Јавни дејности во општина Берово.

Проектниот директор на проектот Суад Скендери при денешната посета во Берово, им се заблагодари на сите кои допринесоа за реализација на оваа акција, со што потенцираше дека Ромите во Берово се одличен пример за сите општини во Македонија, каде веќе е завршена и втората акција.

-Денес заедно со претставниците од општина Берово и ромската заедница, дојдовме да ја финализираме една од акциите односно втората акција во Берово, поточно поставувањето на безбедносните банкини во Ромското маало. Чест ми е и сакам јавно да најпрво да кажам големо благодарам до заедницата, затоа што без нивната поддршка ние немаше да можеме да ја реализираме оваа акција. Оваа акција е директно од нив и нивниот приоритет стана реалност. Се заблагодарувам и на општина Берово за беспрекорната соработка со нашата организација. Ромите во Берово се еден позитивен пример за сите општини во Македонија, поради тоа што веќе завршија со финализирање на втората акција при проектот „Заедно за просперитетна заедница“ – рече Суад Скендери проектен директор на проектот „Заедно за просперитетна заедница“.

Инаку ова акција на поставување на заштитни банкини во ромското маало во Берово, е една од акциите кои што се спроведуваат во 17 општини во Република Македонија. За оваа акција во која учествуваа самите граѓани Роми, издвоени се 170.000 денари, а следната акција како што додаде Суад Скендери, ќе биде асфалтирање на кракови на улицата „Братство и Единство“ во населбата „Манакија“ каде тамошните граѓани веќе 33 години имаат тешки услови на движење и живеат остсечени од патната мрежа во градот.

Ова е втора акција во Берово имплементирана во кохезија на Ромалитико, локалната ромска заедница и општината. Имено, во текот на летото беше поставено и сообраќајно сферно огледало на критична точка на ул. 23 Август со кое се реши проблемот со честите сообраќајни незгоди поради намалена прегледност во сообраќајот.

Активностите за спроведување на локални акции под водство на заедницата се подржани од проектот Заедно за просперитетна заедница кој е финансиран од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), како дел од програмата „Активности за самоодржливост на заедницата“ (ЦСРА), чија цел е да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на заедниците, така што заедниците ќе можат да планираат, финансираат и имплементираат
решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети. Проектот е имплементиран од страна
на Институтот за истражување и анализа на политики–Ромалитико во партнерство со Здружението
на граѓани ”Ромаверзитас”, Здружение за јакнење и организирање на ромската заедница ,,Романо
Авази”, и Здружението на граѓани ,,Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ Скопје”.

Во продолжение видео од денешниот настан: