Лидерите на двете најголеми политички партии, на владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски на денешната лидерска средба се договорија пописот наместо од 1 до 21 април да се одложи и да започне од 5-ти до 30 септември.
Како што рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев за да не се поклопи кампањата за локалните избори, тие ќе се поместат наместо во првата половина ќе се одржат во втората половина на октомври.
Лидерите се согласиле попишувачите дотогаш да примат втора доза вакцина и да помине време за да создадат имунитет.
-Во овој момент најважно е здравјето на граѓаните, изјави по средбата Мицкоски. Кампањата ќе почне по 30 септември, во втората половина на октомври ќе биде првиот изборен круг, а во ноември вториот.
Апликацијата за евидентирање на дијаспората ќе функционра до 30-ти септември.
На средбата двајцата лидери разговарале за измени на Изборниот законик, на дневен ред на Собрание утре ќе биде прашањето за терминалите за отисок од прст.
-Да ги охрабриме групите во Парламентот кои разговараат за измените на изборниот модел, отворени листи, избор на градоначалник во прв круг, гласањето на дијаспората надвор од ДКП-ата, имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, рече Мицкоски по средбата..
Тој истакна дека во однос на работата во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи заедно со парламентарното мнзинство на сите закони, кои се однесуваат на реформската агенда, стопанство, економијата и пандемијата
Средбата на двајцата лидери траеше повеќе од два часа.
(Фокус)