ПЛАНОВИТЕ НА ЛЕР И НИВНОТО ВЛИЈАНИЕ ЗА МИГРАЦИИТЕ ВО МАЛЕШ И ПИЈАНЕЦ.

ноември 13 23:04 2018

Депопулацијата на малите градови во Република Македонија станува загрижувачки социоекономски проблем, кој во годините што следуваат може да донесе  континуиран пад на квалитетот на животот што ќе ја продуцира увертирата за исчезнување на малите градови.

Овие песимистички најави се резултат на општата слика во регионот надополнета со перманентниот процес на депопулација.

Од Источна Македонија, 30.000 граѓани со бугарски пасоши постојано се надвор од границите на државата. Само во Делчево над 70% од населението има бугарски пасоши кои им ги отвораат вратите за Европа. Бројот на починати лица во Делчево, Пехчево, Берово и М. Каменица, од 2005  година до денес, е поголем од бројот на живородените деца. Ваквата тенденција, која е проследена со миграциските текови, доведува до директни последици врз депопулацијата на регионите и промената во демографската структура.

Најголеми и најсериозни причини за празнење на овие региони се нискиот животен стандард и неизвесната егзистенција на луѓето кои живеат во регионот. Ова е заклучокот кој се црпи од многубројните приказни на иселените по западноевропските земји.

Во потрага по подобар живот

Последниве години и Хрватска го добива епитетот „ветена земја“ за Македонците.  Хрватска се етаблира како земја каде може да се оствари сонот за подобар живот што го носат со себе поголемите плати за работниците.

Деновиве десетина млади Македонци, а меѓу нив и поголема група млади од Источна Македонија, работат по Хрватското приморје. Во нивно име приказната од Хрватска ја раскажа прилепчанецот Александар Груески.

  • Александар Грујоски – Овде подобри се стандардите, културата е повисока, стандардот е повисок, но поголеми се и платите, а кај нас се многу мали, 200 евра се ништо има овде дечки од Источна Македонија добро се согласуваме. Сегде низ светот има заминато поради ниските плати да беа подобри до 30 илјади денари никој нема да замине.

Потрагата по подобар живот е основната причина за иселување. Ова го потврдува и истражувањето што претходната година го работеше Здружението „Надеж“ од М. Каменица.

  • Зоран Биковски, активист на НВО – ниските плати, квалитетот на животот се основните причини за иселување. Сепак , последниве години кај 40% од испитаниците се враќа надежта и верувањето дека Македонија се движи во позитивна насока.

Дали плановите за ЛЕР се стимулативни за опастанок или за иселување?

Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2009/2019 година истакнува две главни стратешки цели, и тоа: (1) конкурентни плански региони што се одликуваат со динамичен и одржлив развој и (2) поголема демографска, економска, социјална и просторна кохезија меѓу и во рамките на планските региони во Република Македонија.
Раководејки се од овој документ, ЕЛС донесоа свои планови за локален економски развој, па во таа смисла го поставуваме прашањето: дали плановите за ЛЕР се стимулативни за опстанок или иселување на општините Делчево, Берово, М. Каменица и Пехчево?

 

Од Општина Делчево кои интензивно работат на нова стратегија за ЛЕР се децидни-Стартегијата за ЛЕР е документ кој таргетира многу области , меѓу нив и младите, а посебно економскиот развој.

  • Изјава Тони Стоименовски, советник за ЛЕР во Општина Делчево – Општината во овој документ планира инфраструктурни проекти, бизнис-зони, преку подобрување на патната инфраструктура.Преку Стартегијата се нудат можности за изградбба на станови за млади парови,нуди можност за развој на руралните средини.

Од Општина Берово, пак, истакнуваат дека самите планови не се доволни да ги задоволат потребите на сите граѓани, а според нивната анализа, 65% од плановите се реализирани.

  • Ѓорѓи Пеовски, ЛЕР Општина Берово – Самите планови не се доволни, односно Општината како рамка не е доволна да ги задоволи потребите на сите граѓани коишто живеат на локално ниво затоа што влијаат многу надворешни фактори, пред се младите бараат начин за подобар живот, односно за можности за развој, за нивно стручно усовршување, за работа во поголеми компании.

Блокираната сметка на Општина Пехчево е една од главните кочничари за локалноиот економски развој, информираат од оваа општина.

  • Љупчо Каракашевски, ЛЕР Општина Пехчево – Суштинското прашање е дали средината во Пехчево  во таа насока оди во прилог на инвестициите, Пехчево е мала општина локалните случувања и случувањето на национално ниво , плановите се проекција каде општината сака да се развива и таа проекција е претжно насочена кон инфраструктурата и општината е ориентирана да работиме помали проекти, водовод канализација и тн.

Плановите за ЛЕР  „список на желби“

Стартегиите за ЛЕР во овие мали општини имаат свој удел во локалниот економски развој и даваат рамка каде да се движи потенцијалниот развој. Но, сепак, дали се тие доволни и дали не претставуваат само список на желби и на крај, каква е улогата на државата и регионалниот рамномерен развој за нивна реализација.

Во рамките на проектот со наслов „Дали плановите за ЛЕР се стимулативни за опстанок или за иселување од општините Делчево, Пехчево, Берово и Македонска Каменица што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентар и БИРН Македонија, а е поддржан со грант преку проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи”, претходниот период се направи детална анализа на плановите за локален економски развој.

  • Александар Писарев „Здружение„Форум“- Ова истражување е поделено на неколку поглавја. Многу идеи не се доволно разработени,потоа повеќето планови не ги изполнуваат стандардите и покрај планот треба да се изработат повеќе документи акциски планови, планови за млади.Скоро 2/3 од плановите имаат статистички податоци, и премногу ги оптеретува плановите.  Повеќето од плановите се застарени им истекува нивната важност и треба да се донесат нови.

Писарев истакнува дека од одржаните фокус-групи со претставници од невладиниот сектор, бзинис -секторот и невработени лица се добива впечаток на извесен оптимизам кој најмногу се темели врз промената на власта.

  •  Александар Писарев-Здружение „Форум“- Во поглавјето оптимизам произлегува од проемната на општетсвената клима и доближување до европските фондови и засилување на капацитетите на локалната самоуправа и конечно, ќе с еподобрион инфратсруктурата и многу брги ќе с епромени преминот Клепало.

Препораки

Препораките кои се резултат од анализата се однесуваат на активности и за локалната и за централната власт.

  • Александар Писарев Здружение „Форум“- Препораките до надлежните министерства се однесуваат на забрзување на процесот на децентрализација и пренесување посебно на фискалната децентрализација на локално ниво и законите за рамномерен регионален развој. Жителите сами да се ангажираат, да има подобра комуникација меѓу локалната самоуправа и да се усогласи системот за образование,  локалните и националните медиуми да се поагресивни во отворање на темите, изработката на плановите за ЛЕР да е потранспарентна. Да се побара одговорност од локалните самоуправи.

На убавото хрватско приморје, Александар и неговите пријатели го нашле изворот за својата егизстеница. Тие веќе не ги анализираат грешките и пропустите или плановите на државата и на локалната власт, сакаат подобар живот и достојни приходи. Нивната приказна која е заеднички именител на илјадниците иселени испраќа алармантна порака до сите надлежни дека се потребни темелни  промени. Истражувањето покажа дека плановите кои се креирани да ја намалат депопулацијата и да обезбедат егзистеница на локалното население, не даваат резултати и стратегиите не се функционални или пак локалните чинители не се доволно посветени на нивна имплементација. Потребна е итна реакција.