ПИСМА: ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА СЕ ЗАКАНУВА УНИШТУВАЊЕ НА СВИЊИ

ПИСМА: ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ВО МАЛЕШЕВИЈАТА СЕ ЗАКАНУВА УНИШТУВАЊЕ НА СВИЊИ
септември 16 20:58 2022

Во редакцијата на Малеш Нет, пристигна писмо од засегнати граѓани коишто информираат дека на 20 Септември, се заканува уништување на свињи во Малешевијата како причина од болеста африканска чума, а како што пишува во дописот на овие простори кај нас нема присуство на таа болест помеѓу свињите. Во дописот исто така додаваат засегнатите страни, поточно одгледувачи на свињи, дека ако започнат со уништување на здрави свињи, тие најавуваат штрајк, бидејќи многу семејства егзистираат и преживуваат токму од одгледувањето на свињи. Групата жители од Малешевијата, истакнаа дека ако има заболени свињи слободно нека ги земат и уништат.

Деновиве се вели во писмото, инспектори и ветеринари од Скопје го посетиле селото Мачево, каде им кажале на одгледувачите на свињи да ги заколат до 20 Септември, бидејќи ќе дојдат и со сила ќе им ги одземат.

Понатаму додаваат во дописот, дека поседуваат информација за најавено уништување на свињи во радиус од 3 километри од Свињарската фарма во Смојмирово до 20 Септември, а потоа до 20 Октомври ќе се изврши депопулација на свињи во радиус од 10 километри од големите одгледувалишта како што е Свињарската фарма во селото Смојмирово.

Одгледувачите бараат да не се уништуваат здравите свињи и бараат од двајцата градоначалници од Берово и Пехчево, да застанат на нивна страна и да дадат поддршка за нивното барање.

  Категории: