Во нашата редакција штотуку пристигна писмо и фотографии, каде граѓаните реагираат на црниот чад којшто се шири од фабриката „Алкалоид“ во Берово.Како што велат жителите на улицата „Брдославица“ која е во непосредна близина на фабриката, неколку пати реагирале до надлежните институции, но тие молчат и никој ништо не превзема.
-Овде кај нас е страшно, се е црно околу нас, алиштата не смееме да си сушиме надвор, а за лоша миризба на хемија во нашите домови да не зборуваме.Дишеме црн чад кој се шири насекаде.Многу пати досега имаме реагирано до надлежните институции во Берово и никој ништо не превзема.Сите молчат.Но не сме само ние и луѓето од погорната населба „Којова ливада“ дишаат загаден воздух и реагираат на оваа ситуација.Слободно можам да кажам дека фабриката го загадува воздухот во целиот град.Еве сега собравме петиција и ќе реагираме до Министерството за Животна средина.На што личи ова, сите молчат а ние да се труеме.Апелираме да се испита ситуацијата со црниот чад кој преку текот на цела година не труе нас граѓаните на овие две населби па и целиот град Берово.Се надеваме дека институциите озбилно ќе се фатат за работа и ќе преземат соодветни мерки – стои во реакцијата на граѓаните од населбата „Брдославица’.
Црните честички како последица од чадот велат граѓаните, се распространети сегде, а најдобро се гледа по нивните автомобили.
Преку порталот Малеш Нет сигурно овој допис ќе стигне до надлежните институции и до градоначалникот, па очекуваме нивна реакција и апелираме да се презвземат конкретни чекори за решавање на овој проблем.
Во продолжение уште неколку слики кои ни пристигнаа во нашата редакција.