ПИСМА:КАКО СЕ УНИШТУВА ЕДНА ЈАВНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА.

ПИСМА:КАКО СЕ УНИШТУВА ЕДНА ЈАВНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА.
март 30 21:07 2021

Во нашата редакција пристигна писмо од граѓани, кои реагираат на уништување на јавна зелена површина, која како што велат претходно била депонија, а тие сега самоиницијативно ја одржуваат. Нивната реакција е поради негрижата на Локалната самоуправа и заштитата на оваа зелена површина.

Во писмото се вели:

-Еве како се уништува една јавна зелена површина, која претходно беше депонија и која по сопствена иницијатива ја одржуваме и уредуваме.Како што можете да видите на сликите, уредената зелена површина се уништува.Ние немаме никаков проблем привремено да се користи, ама да се уништува не е долично за никој и затоа е нашето незадоволство.

Повеќе пати имаме реагирано во Општина Берово за овој проблем, но Локалната самоуправа ниту се грижи за оваа зелена површина во смисла на косење и уредување и не сака да реагира барем да ја заштити од ова или слично уништување.

Нели сите плаќаме за паркови и зеленило, како и за јавна чистота.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.