Потрошувачката кошничка на истокот трипати поскапа од платата. Пресметките покажуваат дека во првиот месец од годината трошоците за живот се зголемиле, односно трошоците за храна и комуналии изнесувале околу 32.000 денари. Од друга страна, најголем дел од вработените во стопанството овде се со плати од 12.000 денари, а пензиите во просек се движат околку 10.000 денари.
Според пресметките, најголем дел од буџетот на граѓаните бил потрошен за храна, односно 15.000 денари, потоа 10.000 денари за домување, 2.000 денари за превоз, 2.000 денари за облека и обувки, 2.200 денари за хигиена, а најмалку средства биле издевоени за одржување на здравјето, односно 700 денари.
Разочарани од нискиот стандард и плати, граѓаните се пожалија дека едвај го преживуваат месецот.
Поради сето ова, платите мора да ги следат трошоците за живот.
Според Државниот завод за статистика, просечната месечна плата во декември 2017 се зголемила во однос на декември 2016 и таа изнесува 23.196 денари. Дури и вака таа е далеку помала од пресметаните трошоци за живот, настрана фактот што оние кои ваква плата зимаат на истокот ги има малку.