ПЕКЕВСКИ: УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“ ВО БЕРОВО СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ТРОТОАРИ

ПЕКЕВСКИ: УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“ ВО БЕРОВО СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОБИЕ НОВИ ТРОТОАРИ
декември 04 12:38 2022

Во рамките на последната седница на Советот на општина Берово, преку Програмата за родова еднаквост е внесена и потребата од изградба на тротоари на улицата „Даме Груев“ во Берово. Се работи за улицата од спојот со ул. „Маршал Тито“ се до спојот со ул. „Ѓорѓи Димитров“, каде потребата од изградба на тротоари е непходна поради тоа што овде е лоцирано средното училиште „Ацо Русковски“ и големиот проток на ученици кои секојдневно поминуваат.

Градоначалникот Звонко Пекевски истакна дека за овој проект веќе има иработен основен проект и по изгласувањето на буџетот на Општина Берово за 2023 година, после Јануари ќе започне подготвување на соодветна документација и добивање на одобрение за градба.

– После донесениот буџет кој се надевам дека во законските рокови ќе биде изгласан до 31 Декември и практично после први Јануари ќе имаме можност да изготвиме соодветна документација, добивање одобрение за градба, ревизија на претходно изработен основен проект и почнуваме постапка за најповолен понудувач за изградба на тротоари на улицата „Даме Груев“. Се надевам дека доколку буџетските проекции бидат соодветни, во првата половина од 2023 година, веќе би можеле да очекуваме да бидат изградени овие тротоари и на тој начин ја подобруваме самата инфраструктура, а со тоа самата безбедност на учесниците во сообрќајот – рече градоначалникот Пекевски.

Со изградбата на торотоари на улицата „ Даме Груев“ во Берово уште повеќе би се зголемила безбедноста на пешаците, а со тоа уште еднаш се потврдува вложувањето на Општината во големата подобреност на тротоарската инфраструктура во градот.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.