Пекевски од Митрашинци: Бараните проекти се изработени, продолжуваме со исто темпо, Митрашинци ветува поддршка да го избере НАЈДОБРОТО за себе

Пекевски од Митрашинци: Бараните проекти се изработени, продолжуваме со исто темпо, Митрашинци ветува поддршка да го избере НАЈДОБРОТО за себе
октомври 05 19:57 2021

Градоначалникот и кандидат за втор мандат од СДСМ и коалицијата, Звонко Пекевски денес со кандидатите за советници беше во посета на село Митрашинци.

Пекевски пред насобраните граѓани направи отчет за се што е сработено во неговиот мандат од четири години водејќи се од мтото „Подобра иднина на сите граѓани во Општина Берово“.

„ Вечерва нема да говорам што се сработивме во Берово, во другите села, секој првенствено го интересира за својот праг, својот дом, бидејќи како велат нашите стари: каменот тежи на своето место. Навистина имавме проекти за Берово, имавме проекти за секое населено место, за секога група граѓани, секој сегмент на локалното и општественото живеење но дозволете ми вечерва само да ги најбројам накратко  проектите кои успешно ги завршивме во првиот мандат за Митрашинци.

Еден од поглавните проекти на ниво на општина Берово беше изградбата на регионалниот пат Берово- Виница, со што дирекно го подобривме животот на граѓаните на с. Митрашинци. Градевме, градиме и ќе градиме по план. Реконструирано е основното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски”, ограден е училишниот двор, затоа што вие тоа го истакнавте за приоритет и затоа што вие бевте партнер на локалната власт во креирање на проектите за Митрашинци.

Ги поддржуиваме  старите и изнемоштени лица преку проекти за подобрување на социјалните услуги, воведовме поддршка за секое прваче, за секој гимназијалец, за секое новороденче. Берово, а со него и Митрашинци е друга општина,  за само 4 години.“, потенцираше градоначачникот Пекевски.

Тој секако се осврна на планираните проекти за вториот мандат кои како што вети, ќе бидат изработени на ист, брз, телемен, отчетен и транспарентен начин каква што беше досегашната четирогидишна работа на неговата администрација.

„Овде морам да го спомнам можеби најглавниот проект кој иако ќе се реализира во вториот мандат, сепак веќе сме во фаза на изработка на техничка документација , а тоа е изградба на фекална канализација за село Митрашинци, од основното училиште, до излезот на селото.

Исто така планирано е асфалтирање во првата година на мандатот,  на улицата која се наоѓа лево од мостот, со што ќе се олесни пристапноста до вашите имоти. Ќе се среќаавме редовно да планираме унапредување на комунална хигиена, да планираме нови проекти со Вас, да си ги кажеме актуелните проблеми и истите да ги решаваме заедно. “, потенцираше Пекевски некои од проектите за вториот мандат.

Тој на крај ги повика сите граѓани во рамките на програмата за подобро утре за нас и за идните генерации, за поквалитетен живот на сите наши граѓани, на 17 Октомври да излезат на избори и да го изберат најдоброто за Берово, за Митрашинции зз да продолжиме со развојот и напредокот на Општина Берово.

  Да сте ми живи и здрави да ни е вечно убавото МИТРАШИНЦИ, да ни е вечно Берово !“, финализираше Пекевски.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.