Општина Берово објави јавен повик за пријавување на штетите од невремето

Општина Берово објави јавен повик за пријавување на штетите од невремето
јуни 29 14:09 2023

Општина Берово ги повикува граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето – поројниот дожд и излевањето на водотеците кое ја зафати територијата на општината на ден 24.06.2023 година (сабота) да ја пријават штетата, до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово.

Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Берово ул. “Димитар Влахов” бр.10 во Берово.

Во Барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува.

Покрај Барањето секој барател треба да достави:

*  копија од лична карта за користење на потребните лични податоци;

*  копија од трансакциска сметка на барателот;

*  доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на змјоделски стопанства издадено од МЗШВ, копија од имотен лист, копија од договор за закуп).

*изјава за штети; Превземи изјава за штети

*изјава дека имотот не е осигуран; Превземи ИЗЈАВА дека имотот не е осигуран

Пријавувањето на штетите може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 10.07.2023 година.

Превземи пријава на штети 24.06.2023 година

Комисијата во предвид ќе ги земе сите барања кои по овој основ се поднесени до Општина Берово во период од 24.06.2023 до 10.07.2023 година.

Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен Извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија.

Бр. 09-2468/1

29.06.2023

ОПШТИНА БЕРОВО

Комисија за проценка на штети од

елементарни непогоди на Општина Берово

  Категории: