ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО СО СООПШТЕНИЕ ЗА ОПОЖАРЕНАТА ГРАДСКА ДЕПОНИЈА И ИЗЈАВАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈПКР „УСЛУГА“

ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО СО СООПШТЕНИЕ ЗА ОПОЖАРЕНАТА ГРАДСКА ДЕПОНИЈА И ИЗЈАВАТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЈПКР „УСЛУГА“
јули 15 19:00 2021

По изјавата на директорот на ЈПКР „Услуга“ Илија Рунтевски и случувањата со опожарената депонија, денес со изјава излегоа од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Берово во која се вели:

-Поради партиските препукувања во СДСМ и борбата за градоначалничката фотелја, да се пали градската Депонија, а со тоа да се загадува воздухот во Малешевијата, впрочем по кој сме познати, сега дојде редот и туристите да се одбиваат поради партиските војни помеѓу сдсовските кланови во Берово.Тоа го руши имиџот на градот и туризмот, кој со години наназад се градеше.

Сето тоа се случува само за да се дојде до подобар рејтинг и подобра пол позиција во партијата која е на власт за престојните локални избори, а на штета на здравјето на луѓето и на грбот на туристичките работници.Тоа го можат само од СДСМ.

За ова труење некој мора да понесе одговорност.

Дали ова го заслужува убавата Малешевија и нејзините граѓани – се вели во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ Берово.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.