ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: ЕЛИТАТА НА ВЛАСТ СИ ЈА ВРАБОТИ СОВЕТНИЧКАТА НА СДСМ КАКО БИБЛИОТЕКАР

ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: ЕЛИТАТА НА ВЛАСТ СИ ЈА ВРАБОТИ СОВЕТНИЧКАТА НА СДСМ КАКО БИБЛИОТЕКАР
октомври 13 10:41 2022

ОК ВМРО ДПМНЕ Берово, денес излезе со реакција поради како што велат партиското вработување на претседателот на Советот на Општина Берово како библиотекар во Домот на Културата во Берово.

Еве го во целост соопштението и реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ БЕРОВО.

Елитата на власт во Берово си ја вработи советничката од СДСМ – претседателка на советот на Општина Берово како библиотекар во Домот на Културата.


Градоначалникот години наназад специјално прави измени на систематизациите на општината и институциите, договорени задкулисно во неговиот кабинет, не во зависност од реалните потреби на институциите, туку во зависност од потребите на партијата на локално ниво.

Што имаат завршено партиските тркачи, тоа по кратка постапка се наоѓа во вид на образование во систематизациите кои дури специјално се носат во министерствата за согласности со службените возила и експресно се распишуваат огласи кои траат толку колку што ним им одговараат.

Интервјуа се спроведуваат со однапред дадени одговорени прашања, затоа што ако случајно не ги положат тестовите, ќе биде бламажа и за партијата, и за лицето кое треба да се вработи.
Не може човек да поверува како од сите вработени и сите невработени лица на локално ниво, членовите на СДСМ во Берово се „високо“ потребниот кадар за пополнување на високо платените работни места.

Ова е само продолжение на партизираните вработувања, клиентелизам неразделно врзан за корупција, приватизација и фамилијаризација на општината и институциите под општината. Далеку сме ние од владеење на правото и од вработување на личности според компетенции и критериуми кои се исполнети, кога работните места години наназад се пополнуваат по партиска семејна линија, мајката или таткото ќе се пензионираат за ќерката или синот да тргнат на работа во истата институција.

Општината Ви е еклатантен пример за тоа во времето на владеењето на СДСМ на локално ниво. Беа монополска елита за вработување, останаа елитистички и клиентелистички настроени и сега. Уште од почетокот на првиот мандат на Пекевски требаше да ни биде јасно дека нема да се вработуваат компетентни луѓе, бидејќи тој прво си ја вработи жена му во основното училиште.


Бидејќи одбиените кандидати ќе си ја тераат постапката пред надлежни институции, ние отворено прашуваме: Врз основа на кои компетенции и квалификации Претседателката на Советот е поквалификувана како наставник по француски јазик од останатите пријавени кандидати на огласот кои имаат завршено Македонски јазик и лингвистика или Англиски јазик? Со што таа како кандидат се истакна повеќе од останатите две кандидатки кои конкурирале на огласот?

Зошто тврдите дека сте транспарентни и правно исправни, а направивте измена на систематизацијата на работните места на Домот на културата за посоченото работно место во видот на образование? Зошто лицето кое го вработивте во Домот на Културата не остана да биде наставник по Француски јазик во основното училиште? Дали затоа што немаше можност да дојде брзо до решение на неопределено работно време и лицето експресно го сместивте во Домот на културата?

Како и многу други наставници, на кои местото им е во училиштата, но Вие им поклонивте работни места на неопределено работно време во Општината? Некои по комшиска линија на Градоначалникот, некои по партиска линија,некои по фамилијарна линија…

Многу може да се зборува на темата како вработува Пекевски, но доволно би било да ни каже од кога наставник по Француски јазик е покомпетентен за библиотекар од наставник по Македонски јазик? Дали од моментот кога самата претседателка на советот истакна дека сака да дојде до решение и се откажа од часовите по Француски јазик во основното училиште затоа што немаше полн фонд на часови или од моментот кога направивте измени на систематизацијата во видот на образование?


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.