ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: ДАЛИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ СПРЕМА НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ, КОИ ЌЕ ГИ КОРИСТИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАПАЊА ВО БЕРОВО.

ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО: ДАЛИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ СПРЕМА НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ, КОИ ЌЕ ГИ КОРИСТИ ВО ПРЕДИЗБОРНАТА КАПАЊА ВО БЕРОВО.
октомври 04 13:08 2021

Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ Берово, денес излезе со соопштение во кое се наведува дека локалната власт во Берово, веќе подолг период чува нови контенјери за смет, кои би се корителе во изборната кампања.Од партијата презентираа видео, каде се гледа поголем број на нови контенјери кои стојат на непознат плац во близина на Берово, додека како што велат, во многу населени места има потреба од нови.

-Ви презентираме снимки од нови контејнери за собирање на ѓубре растоварени на плац во близина на Берово. Не знаеме зошто се таму веќе подолг период, додека на многу места и во градот и во населените места има потреба од нови контејнери за ѓубре.

Можеби се чуваат и ќе се искористат за изборната кампања на градоначалникот, како и се останато платено од парите на сите граѓани. Да ги потсетиме дека чисто Берово и општина Берово без ѓубре е секојдневна работа. За да имаме чист град и чиста општина што е во интерес и за здравјето на сите граѓани не се работи кампањски.

Повторно нека Ви служи на чест како ги користите парите на граѓаните, не за Нив, туку против Нив и како газите преку се само во интерс на нов мандат – додадоа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Берово.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.