ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО:ВЕТЕНИОТ ДОМ ВО СЕЛО РУСИНОВО, УШТЕ ЕДНО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ НА ПЕКЕВСКИ.

ОК ВМРО ДПМНЕ БЕРОВО:ВЕТЕНИОТ ДОМ ВО СЕЛО РУСИНОВО, УШТЕ ЕДНО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ НА ПЕКЕВСКИ.
јуни 18 16:15 2021

Преадпатацијата на Домот во селото Русиново, кој во својата програма го вети градоначалникот Звонко Пекевски и понатаму останува руинирано и претставува уште едно празно ветување, обвинија на денешниот прес опозициската ВМРО ДПМНЕ од Берово.

Едно од омилените места и обележја на Русиново, денес и после четири години од мандатот на Пекевски е со разрушен покрив,испокршени и извадени прозорци и преадаптиран е во уште поголема руина кој се наоѓа во самиот центар на селото додадоа од партијата.

Домот е изграден од самите граѓани на Русиново, одделувајќи си од своите скромни семејни буџети преку месен самопридонес, за во селото се изгради нешто трајно што ќе го чуваат и негуваат идните генерации.Исто така овој Дом на секој граѓанин на Русиново буди убави спомени, бидејќи тука на ова место се правеле свадби, крштевки и веселби, младите доаѓале на игранки, дружејќи се и забавувајќи се.

Со сето тоа и со ветувањата на градоначалникот Пекевски истакнаа од партијата, само ги подгрева надежите и копнежите дека не е се завршено и дека Домот во Русиново ќе продолжи да ги раскажува семејните приказни и приказните за селските веселби.

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ додадоа дека ова е уште еден од нереализираните околу шеесетина проекти на градоначалникот Пекевски од неговата програма за живот во Берово.

Порталот Малеш Нет ќе упати директно прашање на градоначалникот Пекевски, да одговори кои се плановите на Општината и зошто до сега не е реализирано ова ветување за обновубање на Домот во Русиново.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.