ОД 1-ВИ АВГУСТ СЕ ВОВЕДУВА ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕРОВО

ОД 1-ВИ АВГУСТ СЕ ВОВЕДУВА ЕДНОНАСОЧЕН СООБРАЌАЈ НА НЕКОЛКУ УЛИЦИ ВО ЦЕНТАРОТ НА БЕРОВО
јули 27 12:41 2023

За подобрување на условите во сообраќајот, oд 1- ви август, се воведува еднонасочен сообраќај во централно градско подрачје, на дел од градските улици, во Берово.

На ул. “Страшо Пинџур”, ул. “Цветан Димов”, ул.“Белградска” и дел од ул. “Маршал Тито”, сообраќајот, ќе се одвива на следниот начин:

Се воведува еднонасочен сообраќај во централното градско подрачје на дел од ул. „Страшо Пинџур“ (на потегот од крстосница со ул. „Цветан Димов“ до крстосница до ул. „Белградска“ гледано во истата наоска од левата страна се дозволува паркирање на возила).

Се воведува еднонасочен сообраќај по ул. „Цветан Димов“ гледано во насока од спојот со ул. „Маршал Тито“ па се до крстосницата со ул. „Страшо Пинџур“, со овозможување на паркирање на возила од левата страна, гледано во насока од истат страна.

Се воведува еднонасочен режим на сообраќај, на ул. „Белградска“, на потегот од крстосница со ул. „Страшо Пинџур“ па се до крстосница со ул. „Маршал Тито“ и се забранува паркирањето на возила”.

Се воведува еднонасочен сообраќај на дел од ул. „Маршал Тито“, гледано во насока од спојот со ул. „Белградска“ па се до крстосницата со ул.„ Цветна Димов“ со овозможување на паркирање на возила, од левата страна, гледано во насока на движење.

Еднонасочниот сообраќај се воведува во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на сообраќајот на дел од улиците и избегнување на сообраќаен метеж.

За регулирање на новиот режим на сообраќај, Општина Берово ќе постави соодветна вертикална сигнализација, согласно проектната документација.

Скицата на режимот на сообраќај можете да ја погледетена следниот линк:

https://berovo.gov.mk/wp-content/uploads/2023/07/Ednonasochen-Soobrakaj-Berovo-Model.pdf

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни.

  Категории: