Од утре делумна забрана за движење во шумите

Од утре делумна забрана за движење во шумите
јуни 23 23:06 2022

Со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури, Јавното претпријатие „Национални шуми“ воведува делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува, на целата територија на Република Македонија, по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 26.06.2022 година во терминот од 6 до 20 часот и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување. 

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на ЈП за подрачјето со кое стопанисуваат.

За непочитување на забраната, односно физички лица кои ќе се затекнат да се движат во шума и шумско земујиште ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра.

Оваа забрана не важи за службените лица од МВР, Шумска полиција, ЦУК, ДЗС и „Национални шуми“.

  Категории: