ОДРЖАНА СРЕДБА СО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ПРИ КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА.

ОДРЖАНА СРЕДБА СО НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР ПРИ КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА БЕРОВО ЗА 2022 ГОДИНА.
декември 13 22:27 2021

Продолжува директното учество на граѓаните и невладиниот сектор, во креирање на Буџетот на општина Берово за 2022 година.

Во рамките на буџетскиот процес, денес, Градоначалникот на општина Берово, одржа состанок со претставници од невладиниот сектор.

На состанокот, од страна на претставниците од Здруженијата на граѓани, беа давани предлози и идеи, од кои дел се веќе предвидени во програмите за реализација, дел ќе бидат предвидени, а дел ќе останат како препорака, во иднина да бидат предвидени.

Помеѓу предлозите имаше проекти од инфраструктура, комунална хигиена, туризам, социјална заштита, енергетска ефикасност, спорт, сите, во насока на подобрување на животот на граѓаните.


Учеството на граѓаните, во процесот на креирање на Буџетот, е многу важно, бидејќи од ваквите средби, произлегуваат многу проект идеи, од кои во иднина никнуваат и успешно се реализираат проекти.

Во меѓувреме, на веб страната на Општина Берово, поставен е нацрт Буџетот, кој после неколку консултативни средби, ќе биде даден како предлог Буџет, пред советниците во Советот на општина Берово, на негово усвојување.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.