ОДРЖАНА ЖДРЕПКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГУПИТЕ НА ПРЕСТОЈНИТЕ РСИ

ОДРЖАНА ЖДРЕПКАТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ГУПИТЕ НА ПРЕСТОЈНИТЕ РСИ
февруари 20 13:53 2023

Во  среда, на 15.02.2023 година,  во салата за Совет на Општина Берово, во присуство на претставници од сите екипи ,учесници, се одржа ждребката, за РСИ 2023 год.

По извлекувањето кое се одвиваше во најдобар ред, беа формирани две групи  и тоа:

ГРУПА А                                                                         ГРУПА Б

1.Угостители                                                            1.Приватни фирми

2.Роми                                                                            2.Образование

3.Фагус                                                                          3.МВР  Полиција

4.Труд Социјла и Суд                                              4.Здравен Дом Берово

5.Општина Берово                                                 5.АРСМ-Гарнизон Штип

6.Национални шуми и пилани                     

Во втората група, во секое коло ќе има по една  слободна екипа,  поради тоа што групата е составена од 5 екипи.

Натпреварите ќе се играат во групи, секој со секој, и потоа во полуфинале ќе одат првиот  и вториот   од двете групи .Со ждребка ќе бидат одредени полуфиналните двојки , но, не може да играат во полуфинале две екипи кои биле во иста група т.е полудиригирана ждрепкаЗа секоја победа ќе се добиваат по 3 бода а за нерешено 1 бод.

Натпреварите ќе се играат две полувремиња по 10 минути.

Турнирот ќе започне на 27.02.2023 (понеделник) во 17:30 часот.

Свеченото отворање на турнирот ќе биде во 17:00 часот на 27.02.2023 година (понеделник).

Ги замолуваме сите екипи   да бидат присутни на свеченото отворање на игрите.

Во првото коло, кое ќе се одигра на 27.02.2023 година  (понеделник) ќе се одиграат следниве натпревари:

  1. 17:30ч.    Угостители  –    Национални шуми и пилани 
  2. 18:00 ч. Образование  –   АРСМ Гарнизон Штип
  3. 18:30 ч. Роми –  Општина Берово
  4. 19:00 ч. МВР Полиција –  Здравен Дом Берово
  5. 19:30 ч.   Фагус  –    Труд и социјала и Суд

Слободна во првото коло е екипата на Приватни Фирми.

Почитувани спортисти, учесници, во натпреварите и секако гледачи на турнирот , Општина Берово како организатор на овие игри, Ви посакува добра фер игра , пред се да се дружиме, да се забавуваме, да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух и нека победи најдобриот.

Се гледаме во салата ,, Македонски Бранители” во понеделник (27.02) во 17:00 часот , Спортски поздрав.

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар