ОДРЖАНА ЖДРЕБКАТА ЗА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ 2022 ВО БЕРОВО

ОДРЖАНА ЖДРЕБКАТА ЗА РАБОТНИЧКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ 2022 ВО БЕРОВО
март 03 17:34 2022

Во петок 25.02.2022 год во салата за совет на Општина Берово во присуство на претставници од сите екипи учесници се одржа ждребката за РСИ 2022 год.
По извлекувањето кое се одвиваше во најдобар ред беа формирани две групи од по 6 екипи и тоа:

ГРУПА А

1.Угостители и Обложувалници
2.МВР-Полиција
3.АРСМ -Гарнизон Штип
4.Приватни Фирми
5.Образование
6.Национални шуми и пилани

ГРУПА Б

1.Роми
2.Гранична Полиција
3.ЈПКР –Услуга
4.Труд и социјала и Суд
5.Општина Берово
6.Фагус

Натпреварите ќе се играат во групи секој со секој, и потоа во полуфинале ќе одат првиот и вториот од двете групи .Со ждребка ќе бидат одредени полуфиналните двојки но не може да играат во полуфинале две екипи кои биле во иста група т.е полудиригирана ждрепка.

Се планира турнирот да започне на 07.03.2022 (понеделник) во 17:00 часот.
Свеченото отворање на турнирот ќе биде во 16:30 часот на 07.03.2022 год.(понеделник)
Ги замолуваме сите екипи да бидат присутни на свеченото отворање на игрите во 16: 30 часот.

Во првото коло кое ќе се одигра на 07.03.2022(понеделник) ќе се одиграат следниве натпревари:

  1. 17:00ч. Угостители и Обложувалници – Национални шуми и пилани
  2. 17:30 ч. Роми – Фагус
  3. 18:00 ч. МВР-Полиција – Образование
  4. 18:30 ч. Гранична Полиција – Општина Берово
  5. 19:00 ч. АРСМ -Гарнизон Штип — Приватни Фирми
  6. 19:30 ч. ЈПКР – Труд и социјала и Суд

Почитувани спортисти учесници во натпреварите , Општина Берово како организатор на овие игри ви посакува добра фер игра , пред се да се дружиме да се забавуваме да го подигнеме спортскиот и натпреварувачки дух и нека победи најдобриот.

Се гледаме во салата ,, Македонски Бранители” во понеделник (07.03) во 16:30 часот .

Спортски поздрав.

  Категории: