ОДИГРАНО ПЕТТОТО КОЛО ОД РАБОТНИЧКИТЕ СПОРСКИ ИГРИ ВО БЕРОВО

ОДИГРАНО ПЕТТОТО КОЛО ОД РАБОТНИЧКИТЕ СПОРСКИ ИГРИ ВО БЕРОВО
март 22 12:02 2022

Во рамките на петтото коло од Работничките спорски игри во салата „Македонски бранители“ во Берово беа одиграни четири натпревари од планираните шест.

Во првиот дуел од ова последно коло на разигрување по групи, екипата на Општина Берово извојува убедлива и сигурна победа над младите момци од тимот на Беровски Роми, со што го птврди учеството во полуфиналните натпревари.

Вториот натпревар службено им припадна на тимот од ЈПКР, поради отсуство на екипата на Фагус, додека фудбалерите на екипата од Приватни фирми, конечно успеаја да дојдат до својата прва победа со сигурни 3:0 против МВР Полиција, со одличен гол на Драган Ќурчиски во финишот на натпреварот.

Тимот на Гранична полиција уште еднаш покажаа одлична игра и без ниту еден пораз се пласираа во полуфиналето, со победа на екипата на Труд и Социјала.

Сепак најинтересен натпревар одиграа екипите на Образование и Угостители и Обложувалници.Овие две екипи директно се соочија за влез во полуфиналето.Уште на самиот почеток цврстината на терен ја покажаа и двете екипи, па иницијативата во својата препознатлива игра уште од стартот резултираше со водство на тимот на Образование.Екипата на Угостители и Обложувалници со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок, па така со досуден пенал изборија израмнување на резултатот.Понатамошниот тека на играта донесе и нови возбудувања и шанси за гол и на двете страни.На крајот одличниот натпревар заврши со резултат 2:2 со што тимот на Угостители и Обложувалници се радуваше на своето пласирање во полуфиналето.

Тимот пак на АРМ Штип службено со 3:0 го доби натпреварот против Национални шуми и Пилани, поради отсуство на играчите.

По зваршувањето на натпреварите од петтото коло се одржа и ждребка за полуфиналните натпревари.Еве ги резултатите и ждребката за полуфиналните натпревари кои ќе се одиграат во четврток 24.03 со почеток во 18 часот:

По одиграните пет кола на Работничките спорски игри во продолжение табелата и листата на стрелци:


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.