Објавен јавниот повик за доделување договор за реконструкција на ул.,,Илинденска” во с. Ратево

Објавен јавниот повик за доделување договор за реконструкција на ул.,,Илинденска” во с. Ратево
март 14 13:00 2023

Министерството за транспорт и врски, објави јавен повик за доделување договор  за јавна набавка за реконструкција на ул.,,Илинденска” во с. Ратево.

Проектот ќе се реализира во рамки на поектите за развој на модерна инфраструктура, во изградба на нови патишта, рехабилитација на регионални и магистрални патни правци, кои се рализираат со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка од Светска Банка,  со примарен фокус на регионалното поврзување и посебен прироритет на локалните патни правци, со цел забрзан локален развој и модернизација на македонските општини.

Инвестициите во патната мрежа, се неопходни за создавање подобри услови за живот на граѓаните. Очекуваме дека реконструкцијата на оваа улица, ќе обезбди поголема безбедност и подобра комуникација ,полесен пристап на жителите до нивните имоти и во значителни размери ќе го подобри квалитетот на живот на жителите.

  Категории: