НЕКАДЕ ТАМУ НА ПЛАНИНА ВЛАИНА

НЕКАДЕ ТАМУ НА ПЛАНИНА ВЛАИНА
декември 03 17:18 2021

Лишена и заситена од животот, обвиткана во замор и очај, шумата како да го сонува својот предвековен сон.

И, додека модрото небо се прелева низ искинатите лисја, како стар алхемичар низ оковите на сивата авенија обложена со дрвја, грст сонце во тој мрачен живот ја открива упорноста на зеленилото на  мовот, зелената нежна модрина на цветот обвиен со килибарни лисја, и одметникот на времето, расцутената мајчина душица на крајот на ноември.

Златно-жолтиот вител се обликува во геометријата на битието на светот, а карпите лелекаат, додека потокот ги распнува во својот немилосрден тек.

Ова е описот на Жаклина Реџовска, членот на планинарското друштво “Сосна” од Берово, за местото викано “Џоловето” кое се наоѓа на падините на планината Влаина, пехчевска убавина која влева топлина во душата.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.