Незнаење или обемна документација. Поради што нашите земјоделци не ги користат парите од ИПАРД програмата?

мај 09 18:07 2018

Незнаење или обемна документација. Поради што нашите земјоделци не ги користат парите од ИПАРД програмата? Според последните податоци, искористени се едвај 30% од парите кои им се нудат.

Зошто е тоа така, денес и утре во Штип ќе дискутираат земјоделците заедно со универзитетски професори и експерти од Македонија, Бугарија и Србија, во склоп на советување насловено како „Агронаука и пракса“.

Освен ИПАРД програмата, во рамки на советувањето ќе се зборува и за други важни земјоделски теми :

  • Ќе имаме панел дискусии за новите технологии во земјоделството, користење на дронови, навигации, мониторинг на земјоделските површини од воздух и слично, објасни Љупчо Михајлов, декан на земјоделски факултет – УГД.

Интересни земјоделски теми, на советувањето ќе има и утре :

  • Панел дискусија која е актуелна на меѓународно ниво, посебно во државите членки на ЕУ. На долг рок се поприустно е осиромашувањето на нашите почви со хумус, со органска материја, кажа Михајлов.

Земјоделските навики тешко се менуваат, но според експерите, веќе има одреден напредок. Ваквите советувања се со цел да им се презентираат на производителите европските практики, за тие истите да ги применат на нашите површини и да имаат поконкурентни производи.

 

ИЗВОР: Тв Стар

  Категории: