Украдената победа на изборите и прокоцканата шанса за остварување на вековниот сон на Македонецот уште од времето на Александар – создавање на македонска вселенска програма, не го поколеба лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски да продолжи со политичкото делување и да состави влада која ќе работи паралелно со владата избрана во Собрание.
– Веќе имаме подршка од Елон Маск, а во преговори сме и со НАСА за дозволите што ни се потребни за да отвориме штаб на Сонцето. Од таму ќе ги координираме сите наши активности на Земјата и ќе покажеме дека кога се сака – се’ се може. – рече првиот македонски космонаут, г-ин Ристовски.
Првите министри во сенка во владата на Сонце, се очекува да отпатуваат зимава, кога температурите се пониски и поподносливи, а според пресметките на експертите, патните трошоци до таму, ќе бидат отприлика исти со патните трошоци на пратениците од провинција.
Автор:Иљче/кооперација.мк