МУСЛИМАНИТЕ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ КУРБАН БАЈРАМ.

МУСЛИМАНИТЕ ДЕНЕС ГО СЛАВАТ КУРБАН БАЈРАМ.
јули 20 18:56 2021

Муслиманите денес го слават Курбан Бајрам, еден од двата најголеми празници во исламот. Со утринската молитва сабах-намаз, а потоа и со молитвата бајрам-намаз, во исламскиот центар во Пехчево, беше одбележаан празникот од страна на Ахмадија муслиманската заедница.

Курбан Бајрам е 70 дена по првиот Бајрам во годината, Фитр Бајрам, а го обележува денот кога е комплетиран Светиот куран.Овој празник уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромашните. Принесувањето жртва – курбан, има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа.

Членовите на Ахмадија муслиманската заедница, си го честитаа празникот Курбан Бајрам, упатувајќи желби за мир,здравје,благосостојба и почит кон сиромашните.

Хуманизмот, хармоничните односи меѓу луѓето, меѓу човекот и светот и стремежот кон мир и благосостојба, како основни принципи на Исламот, на Бајрам се исполнуваат со посетување на роднините и пријателите и со честитки и добри желби за секој намерник.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Традиционално Курбан Бајрам денеска го одбележаа и муслиманските верници од Берово и Пехчево кои согласно обичаите ќе принесат жртва-курбан и ќе ги посетат сиромашните семејства.Ахмадија заедницата во Македонија следните денови како и секогаш, ќе подели курбанско месо на најсиромашните граѓани во двата малешевски градови и уште во неколку други соседни.

напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.