МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ КУРБАН БАЈРАМ.

МУСЛИМАНИТЕ ГО СЛАВАТ КУРБАН БАЈРАМ.
јули 31 19:12 2020

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или крупна стока.

Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа. Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Ахмадија заедницата од Македонија го одбележа почетокот на празникот со утринска молитва во Берово и Пехчево, упатувајќи честитки до сите муслимански верници, со желби за благосостојба,мир и солидарност со сиромашните.

Инаку Ахмадија заедницата која постои веќе 2 децении во Македонија и Малешевијата, за утрешниот втор ден од празникот, обезбеди курбан од четири бикови, кој ќе биде поделен на сиромашните граѓани во Берово,Пехчево и Куманово.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.