МУЗИЧКИОТ НАСТАН НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО ГИ РАЗМРДА ТУРИСТИТЕ ЗА ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД

МУЗИЧКИОТ НАСТАН НА БЕРОВСКО ЕЗЕРО ГИ РАЗМРДА ТУРИСТИТЕ ЗА ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД
октомври 13 21:03 2024

Викендот во Берово, беше во знакот на музичкиот настан, кој ги собра сите посетители и туристи на Беровско езеро. Убавото сонце, како и локацијата, ги примами Беровчани и многу туристи на одлична забава и опуштена атмосфера, на која настапија неколку Дџ имиња од Берово и Македонија. Позитивни импресии од настанот, упатија сите присутни, кои уживаа на брегот на Беровско езеро.

-Ја поздравуваме идејата за дневната забава и одличната музика. Доаѓаме во Берово со години, но овој пат беше незаменливо. Со мојот сопруг одлично се чувствувавме, се изнаигравме и секоја чест на организаторите за овој настан. Вакви настани во Берово треба почесто да се случуваат, тоа му недостига на ова туристичко место, кое има прекрасни локации и преубава природа за да ја збогати туристичката понуда. Толку позитивна енергија и расположени и насмеани лица немаме видено одамна, ниту пак каде и да отидеме по другите градови. Браво за Берово, изненадени сме не само ние, туку и сите со кои се дружевме во текот на вчерашниот ден – рекоа туристи од Скопје.

Вчерашниот празничен викенд, ги примами и нашите Беровчани кои живеат, работат и студираат во државата и соседните земји.

-Специјално дојдов од Скопје, кога го видеов евентот и денската забава на Беровоско езеро. А пак за организаторите Сене и Драш, немам зборови, познати се по одличните забави на времето во Берово, каде знаевме да заглавиме и до раните утрински часови. Така беше и овој пат, преубаво место, убави луѓе, сонце, наше Беровско езеро, како и одличниот избор на музика и феноменалните Дџ артисти. Се беше на место и само вака треба да се продолжи – вели наша сограѓанка која работи и живее во Скопје.

Задоволството се гледаше меѓу сите присутни, што покажува дека културниот живот во Берово се издигнува повторно на едно завидно ниво. Претходно пред месец дена беше организиран фестивалот „ Berovo Sound Wave“ во градскиот парк во Берово, со што овој тим стана препознатлив по организацијата на вакви евенти, каде секој се забавува, другарува и ужива во култната музика.

-Ова беше за прв пат вака денска журка да се организира на Беровско езеро, поточно на оваа локација, што ни претставува задоволство на сите нас. Благодариме до сите кои вчера си поминаа преубаво, на позитивните коментари, а исто така голема благодарност упатуваме до хотелот Вип, од каде се гледа најубавата гледка на Беровоско езеро, како и на нашиот соработник БИС Саунд, кој беше задолжен за озвучувањето и преубавиот звук. Го поздравуваме нашиот близок пријател Игор Циге, кој заедно со неговото семејство, не пропушти да дојде и да ужива заедно со нас во неговиот енергичен сет. На крајот така ни беше и замислата, овој 11 Октомври да го поминеме поразлично и сплотени заедно под културни звуци и енергијата на нашето Беровско езеро. Ви балгодариме на сите уште еднаш и ветуваме дека повторно ќе се дружиме на вакви настани – додадоа организаторите.

  Категории: