„МОЕ БЕРОВО“ НОВА ПЕСНА НА КОМПОЗИТОРОТ ГОРАН АЛАЧКИ И ГРУПАТА ШТЕКИЦА

„МОЕ БЕРОВО“ НОВА ПЕСНА НА КОМПОЗИТОРОТ ГОРАН АЛАЧКИ И ГРУПАТА ШТЕКИЦА
октомври 13 11:55 2021

Деновиве бевме на работна проба на групата „Штекица“ во Берово, каде во пријатна и опуштена атмосфера, заедно со композиторот Горан Алачки, ја свиреа најновата музичка нумера, односно химната на нашиот град насловена„Мое Берово“. Композицијата и аранжманот се токму на Горан Алачки, текстот е на Ѓорѓи Калајџиев, додека изведбата е на нашите познати членови од групата „Штекица“.

Како што истакна Горан Алачки, оваа песна се спрема веќе година дена, а во моментот во подготовка е и видео запис кој најскоро ќе биде објавен.Исто така во композицијата „Мое Берово“ се очекува да отсвири свој дел и нашиот познат гитарист Валтко Стефановски, а планирано е како што рече Алачки и англиска верзија на песната.

-Вложивме многу труд и енергија за да ја донесеме на свет оваа комозиција.Се надевам дека слушателите на Малеш Нет, ќе можат малу да ја почуствуваат, бидејќи ова не е финалната верзија, свое парче ќе отсвири и мојот пријател Валтко Стефановски, кој исто така сака да ја подржи групата Штекици и целиот овој проект и со тоа да ми даде поддршка на целата ова идеја.Навистина нека остане еден белег, ова се некои трајни вредности што ќе останат кога ќе не нема нас“ – рече Алачки

Беровската група „Штекица“ е една од најстарите рок група во државата која веќе 4 децении опстојува на сцената.

Во продложение премиерно слушнете ја песната „Мое Берово“ во изведба на нашите членови од групата „Штекица“

  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар

Вашите податоци се безбедни! Вашата е-маил адреса нема да биде публикувана. Сите *полиња се задолжителни,

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.