(ВИДЕО) МЛАДИТЕ АКТИВИСТИ ОД ПЕХЧЕВО И БЕРОВО ГО КРЕНАА ГЛАСОТ ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА

(ВИДЕО) МЛАДИТЕ АКТИВИСТИ ОД ПЕХЧЕВО И БЕРОВО ГО КРЕНАА ГЛАСОТ ЗА ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
мај 11 16:30 2024

Во Берово денес беше одржан завршниот настан од проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“ кој го спроведува здружението Амброзија од Пехчево. Општа цел на проектот кој се спроведуваше 8 месеци, придонесе кон зголемено влијание на младите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, како и нивна поголема инволвираност во процесите за подобрување на состојбата со животната средина.

На денешниот завршен настан на кој присуствуваа поголем број млади активисти, беа изнесени постигнатите резултати во периодот на спроведување на проектот, со што од реализираните активност и акциите на младите за подобра и чиста животна средина, резултираа со конкретни мерки, кои беа презентирани пред присутните.

Во рамките на спроведувањето на проектот се одржаа четири работилници за млади на возраст од 15-25 години од општините Пехчево и Берово, додека алармот за подобрување на живтната средина исто така преку овој проект ги вклучи младите активисти со конкретни акции на терен. Како една од нив е подобрувањето и чистење на речната депонија во селото Црник, која претставуваше колективно место за одлагање на секаков вид отпад од страна на жителите.

Претседателот на здружемието „Амброзија“ Јасминка Пашалиска Андоновска го потенцираше младинското учество во директна реализација на дадената цел во пехчевски Црник, што придонесе со лобирање и влијание на жителите за поголема еколошка свест и зачувување на животната средина, а во соработка и партнерство со локални институции се поставени садови за отпад и жителите редовно си ги плаќаат месечните такси за отпад што не беше пракса претходно.

-На денешниот завршен настан од проектот „Еко активизам младите креираат одржлива иднина“ кој што во изминатите осум месеци здружението Амброзија како регрантирање а преку соработка со Македонското здружение на млади правници во рамки на една генерална програма поддржана од Европската унија „Еко активизам за позелени општини“, ги презентиравме резултатите и главните постигнувања во однос на реализираните активности во изминатиот период. Пред се проектот имаше за цел да ги поттикне младите за поактивно вклучување во застапување и градење на локални партнерства за надминување на проблемите со животната средина од една страна, а од друга страна зајакнување на нивните капацитети за интензивно лобирање и застапување пред локалните власти за решавање на оние предизвици со кои што се соочуваат младите – рече Јасминка Пашалиска Андоновска.

Стефанија Биковска член на младински активист од Берово, која учествувала во сите активности во рамките на овој проект, испрати порака дека конечно младите активисти го кренале својот глас и дека треба сите да го чуваме она што го имаме како највредно, нашата средина, шумите, водата и воздухот.

-Јас присуствував а скоро на сите проекти и можам да кажам дека младинскиот активизам право на нас ни даде основа, како тоа ние да се претставиме и да го држиме нашиот став, а второ и најбитното ни укажаа како тоа да ја зачуваме нашата средина, односно водата, шумите, чистиот воздух и како моја порака треба да го чуваме тоа што го имаме и да го цениме додека го имаме, бидејќи ќе сфатиме дека е битно откако ќе го изгубиме. Треба да ја чуваме нашата природа и да си го чуваме воздухот-рече младиот активист Стефанија.

Експертот кој учествуваше во спроведувањето на проектот Зоран Биковски, го истакна младинскиот активизам кој конечно вроди со плод во малешевскиот крај и го поздрави активното учество на малдите во конечно решавање на долгогодишниот проблем во пехчевски Црник ,со одлагањето на отпадот и подигањето на свеста на жителите за чиста животна средина.

-Огромно задоволство е да се биде дел од завршен настан кој што завршува успешно, затоа што младите го испорача своја глас, младите беа гласни за приоритети и пред се младите беа дел од решение на едно село, кое што долго време се мачеше со справување со отпад. Оваа пракса се надевам дека ќе продолжи и понатаму, затоа што постојат и други фондации и други можности за можност да ги аплицираат своите потреби и сум сигурен дека младите знаат, младите научија, младите можат да пренесат пораки и да бидат гласни, многу гласни затоа што потребите на младите, потребите од здрава животна средина се дел од нашето секојдневие и дека ако сакаме да градиме здрави генерации, мора младите да бидат сослушани и да бидат активни на локално ниво – истакна Биковски.

Инаку проектот „Еко активизам – младите креираат одржлива иднина“ кој го спроведува Здружението Амброзија до Пехчево, преку регрантирање од страна на Македонско здружение на млади правници во рамки на проектот „Младите за позелени општини“ и е финансиран од страна на ЕУ, ги акцентираше овие потреби за младиснкото учество на локално ниво во креирање на младински политики и младински активизам во делот на заштита на животната средина во детектирање на проблемите и активни решенија за нивно надминување на локално ниво.

Во склоп на проектот беше изработено и видео за активностите и позитивните резултати, кое беше прикажано пред присутните.

  Категории: