МИЦКОВСКИ ОД БУДИНАРЦИ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПОЖАРОТ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ПОД КОНТРОЛА.

МИЦКОВСКИ ОД БУДИНАРЦИ: СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ПОЖАРОТ ВО МАЛЕШЕВИЈАТА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ПОД КОНТРОЛА.
август 07 17:33 2021

Се надевам дека во текот на денешниов ден пожарот  целосно ќе биде ставен под контрола, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ при денешната посета на беровското село Будинарци.

-Бев информиран дека авионот од типот „Херкулес” што специјално е пратен од Романија во моментов го надлетува теренот и се врши санирање на огнената стихија се до нејзино целосно ставање под контрола. Се надевам дека во текот на денешниот ден тоа ќе се заврши и жителите овде во Будинарци, во Мачево и во останатите населени места во општините Берово, Пехчево и Делчево ќе можат мирно да спијат и ќе можат понатаму да ги обавуваат нормално своите секојдневни обврски, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека денеска е во Малешевијата, во беровско Будинарци, каде, како што кажа, имал можност од прво лице да се увери во сериозноста на ситуацијата.

-Би рекол стотици хектари шума е изгорена, направена е огромна штета која благодарение на натчовечките напори на пожарникарите, на војската, но и на луѓето коишто дојдоа од Австрија и Словенија пожарот во моментов е локализиран, рече Мицкоски.


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.