Богатиот репертоар на светски реномираниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ од Скопје, одбележува 10 годишен јубилеј од кореогравска постановка ,,Малешевка’’ која и од самото име ни кажува дека потекнува од Малешевскиот предел. Поточно на 24.12.2010 година, кореографијата беше претставена пред рецензионата комисија на ансамблот „Танец“, па за постановката ,,Малешевка’’ беше дадено мислење да биде составен дел во репертоарот на „Танец“.
Автор на кореогравската постановка е Блажевски Јовица, долгогодишен професионален играорец и кореограф, вработен во ансамблот Танец уште од 2001 година, воедно автор уште и на четири кореогравски постановки како што се: Посеље,Пијанец,Кумановка,Радовишки собор.
Музичката обработка е на двајца автори, Сашо Митев професионален иструменталист, вработен во ансамблот Танец, како и Влатко Терзиски исто така професионален истументалист вработен во ансамблот Танец, кој потекнува од Малешевијата.
Авторот на кореографијата „Малешевка“ Јовица Блажевски за нашата редакција истакна дека испирацијата за кореографската постановка доаѓа од богатата фолклорна традиција во Малешевијата,кој пред десетина години го посетил Берово и околните средини па со истражувањето заедно со соработниците и информаторите од овој крај ја создал прекрасната Малешевка која е сплет од неколку обработени малешевски ора.
Афирмацијата и негувањето на Малешевскиот фолклор и ора исто така веќе подолго време ја афирмира и нашиот добро познат сограѓанин Мило Дестановски, кој освен што соработувал во креирањето на оваа кореографија, тој исто така малешевската богата ризница на ора и песни ја презентира во Америка, со одржување на најразлични семинари и часови за играње токму на нашите ора.
Инаку не само во ансамблот ,,Танец’’ туку и не постои културно уметничко друштво, аматерски фолклорен ансамбл во нашава држава, како и македонски фолклорни ансамбли по светот, а да ја немаат застапено во својот репертоар „Малешевката“.
Мора да се каже дека истата ја изведуваат ансамбли од други држави ко што се ансамблите од Србија, Црна Гора, Русија па дури и од Јапонија и Кина.