Македонскиот пазар нема капацитет да го откупи годинашниов род на сливи.Овоштарите од Делчево почна со болокади на патиштата

август 20 02:10 2018

Катастрофа им се заканува на производителите на сливи. Македонскиот пазар нема капацитет да го откупи годинашниов род на сливи. Само во Делчевскиот крај на откуп веќе врора недела чекаат околу 5.000 т. модра слива:

  • Ние како пазар сме ограничени за д аго прифатеиме целокупното производсто на сливи, а извоз во моемнтов нема, кажа  агроном инг. Раде Манасиев,  некогашен откупувач на сливи кој со ова апроблематика се занимава над 30 години.

Поради високите температури, сливите веќе се расипуваат , па во обид да го продадат родот, делчевските овоштари денес го блокираа патот кон Берово:

  • Сливата веќе се расипува, секој ден собирам од 10-15 казани модра слива која скапува, кажа Трајчо Стоилов, производител на сливи.

Во меѓувреме, овоштарите седнале на заедничка маса со претставници од ресорното министерство, на која ги дефинирале деталите околу откупната цена:

  • Договорот е да се дадат два денари субвенции на откупувачите и исто толку на производителите. Она што ќе остане неоткупено , да се процени од страна ан посебна комисија и да се плати по 5 ден. за килограм, кажа Благојчо Митревски, производител на сливи.

Но ова малку значи, ако откупот не почне. Овоштарите даваат рок до  четврток по што најавуваат секојдневни  блокади  на патиштата на Истокот. Истите според нив, не се прашање на политика, туку на егзистенција:

  • Овде нема никаква политика. Ние не сме ни ВМРО ни СДСМ. Ние сме само производители на сливи кои три години по ред трпат само загуби, кажа  Атанаско Ангеловски, производител на сливи.

Еден ден претходно, блокади на патот организираа и производителите на модра слива од Радовишко.

 

Извор: Тв Стар


Warning: count(): Parameter must be an array or an object that implements Countable in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/includes/single/post-tags-categories.php on line 7
  Категории:
напиши коментар

0 Коментари

Сеуште нема коментари!

Биди прв што ќе коментира.

Напиши коментар


Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 206

Warning: Illegal string offset 'rules' in /home/berovoin/public_html/maleshnet.mk/wp-content/themes/gadgetine-theme/functions/filters.php on line 225

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.