КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН СО 45.ООО ЕВРА И БЕСПЛАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА.

КОМПАНИЈАТА ЗЕГИН СО 45.ООО ЕВРА И БЕСПЛАТНИ ЗДРАВСТВЕНИ УСЛУГИ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ОД ТРАГИЧНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО БУГАРИЈА.
ноември 25 13:30 2021

Компанијата “Зегин” по тешката сообраќајна несреќа во Бугарија, каде 45 македонски државјани го изгубија животот, ќе донира 45.000 евра помош на семејствата кои ги загубија своите најмили.

-Како фамилија Механџиски, која негува здрави општествени и човечки вредности и како сопственици на Холдинг-компанијата ЗЕГИН, со која управуваме и која има долга традиција на општествена одговорност, одлучивме на семејствата кои ги загубија своите најмили во трагичната сообраќајна несреќа на 23 ноември во Бугарија, да им доделиме парична помош во износ од 45.000 евра – истакна Благој Механџиски сопственик на компанијата Зегин.

Исто така на членовите на семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа, компанијата “Зегин” ќе им овозможи и едногодишно бесплатно користење на здравствени услуги.


-Воедно на членовите на потесните семејства на загинатите им овозможуваме едногодишно бесплатно користење на комплет поликлинички здравствени услуги и лекување во ПЗУ Д-р Верица Механџиска – Зегин Интер Медика.
Ја користиме приликата на семејствата кои ги загубија своите најмили да им изразиме длабоко и искрено сочувство и да ги замолуваме да ни дозволат заеднички да ја споделиме нивната неизмерна болка и тага.
Драги и почитувани, сметајте на нас и во иднина – додадоа од фанилијата Механџиски.

Инаку компанијата ЗЕГИН е докажано општествено одговорна компанија која постојано донира материјални и финансиски средства на многу општествени установи и на граѓани кои имаат потреба од помош.