Најозборуваниот вирус во последниве неколку месеци, Ковид-19, познат и како коронавирус, ги сподели со јавноста причините поради кои, за разлика од повеќето Македонци, се’ уште не ја напуштил земјава и не извадил бугарски пасош.
– Долго време размислував дали да останам или да се иселам од тука. Кога закажавте избори мислев дека нема да ја издржам кампањата, меѓутоа митинзите и собиранките ми дадоа причина да верувам дека луѓето што живеат тука навистина се грижат за мене. – ни рече тој во краткиот телефонски разговор.
Сепак, дефинитивната одлука за постојано населување тука паднала после изборите, најмногу заради журките во дискотеките во Струмица, Кавадарци и Прилеп, на кои за прв пат видел каков е ноќниот живот и со каков ентузијазам Македонците се журкаат и навиваат тој што подолго да остане со нив.
Автор:Иљче/кооперација.мк