ИФОРМАЦИИ ЗА УТРЕШНИОТ НАСТАН „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2020“

ИФОРМАЦИИ ЗА УТРЕШНИОТ НАСТАН „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2020“
септември 18 14:56 2020

Сите љубители на природата, спортисти и рекреативци, ќе имаат прилика да учествуваат на настанот „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2020“ кој ќе се одржи утре.

Заради спецификите на пандемискиот период, бројот на учесници е ограничен за да бидме сигурни дека може да се спроведат мерките за превенција и заштита од КОВИД 19, затоа љeубезно Ве молиме за потврда за Вашето присуство.

Планиннарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово, е здружение на љубители на планината, за рекреација, туризам, за грижа и заштита на природата, но и на културните и историските знаменитости во природа, за подигање на граѓанската свест за здрав живот, за да помага, врши едукација и организира активности и настани во однос на се погоре наведеното, а во духот на самоодржливиот развој. Основан е и активен од 2013 година.

Наведените вредности препознаени од „European Week of Sport Macedonia / Европска недела на спортот во Македонија“, насловена како #BeActive,- спроведен од Агенција за Млади и Спорт, во активностите кои досега ги превзема граѓанското здружение, придонесоа за целосна подршка од страна на #BeActive и овозможување на организацијата на – „МАЛЕШЕВСКА КОРИЈА – СПОРТ АВАНТУРА 2020“ што ќе се одржи во Берово на 19 Септември 2020г. Овој настан ќе биде дел од серијалот настани со цел, развој на спортот во смисла на активно вклучување на граѓаните, промовирање на стил за водење грижа за здрав живот на секој поединец, кои се организирани или подржани од  #BeActive.

Настанот вклучува две планински велосипедизам – „МТБ“ тури, низ многу атрактивни предели на Берово и неговата околина, како неколку културни објекти, природни знаменитости, Езерото, вековни шуми, пространи видици, многу забава и дружење и е наменет за љубителите на природата, младите, рекреативците, спортистите, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство.

Во базата -дворната површина покрај река на хотел Манастир, има место каде ќе можете да ги исперете Вашите велосипеди и одложите да се исушат, додека вие се послужувате со ручек – грав, подготвен во котли на огништа, на самото место, кое е многу атрактивен призор, како и целиот двор и терасата над и покрај реката, предвидени за одмор, дружење и ручек.

Подетални информации за настанот:

Планиннарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово со претходна резервација, ги става на располагање за изнајмување своите 25 премиум планински велоспиеди

Додаток:                            Информативен приказ на патеките во Google Earth

1

1.       Средно-тешка патека         

2

2.       Лесна патека

1 и 2

3.       Заеднички приказ на двете патеки

  Категории: